Скупини Романи од Македонија на меѓународен фестивал во Бугарија

Scupini Romani

Скупини Романи (Scupini Romani) - брендот на Центарот за научно истражување и промоција на културата од Скопје „Хаемус“ утре ќе биде претставен на меѓународниот антички римски фестивал „Нике – играта и победата” во Бугарија.

 

Скупини Романи се состои од мноштво подвижни ескпонати (керамика, облека, накит, плетени предмети, сувенири) кои се дизајнирани по нарачка и рачно изработени од уметници, занаетчии и артизани по инспирација од богатото културно наследство од римскиот период откриено на територијата на Република Македонија. Концептот на Скупини Романи е променлив во зависност од околностите и може да биде организиран како амбиентална поставка, подвижна изложба или фестивал со живи учесници.

 

Античкиот римски фестивал во Бугарија ќе се одржи на територијата на древниот римски град и археолошки резерват „Никополис ад Иструм“. На фестивалот ќе бидат претставени ритуали кон римските божества, античка мода, храна, занаети, монетоковање, изложба на постери и др. Scupini Romani ќе биде дел од двата најважни настани од животот на градот низ вековите кои ќе бидат визуелизирани од страна на 150 учесници на групи за реконструкција на античкиот Рим од Романијa, Унгарија, Македонија и Бугарија.

 

- Нашата држава има силни врски со античката римска култура бидејќи територијата на Македонија со векови била дел од Римското царство. Но, наместо нашето наследство да го промовираме со статични музејски поставки, одлучивме претставувањето на Scupini Rmani да го правиме преку меѓународни фестивали кои секаде го привлекуваaт вниманието на јавноста, изјави Василка Димитровска, директор на „Хаемус“.

 

Првото издание на фестивалот на древната римска култура Scupini Romani во земјава се одржа минатата година во Скопје.

 

Извор: МИА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.