Хуманитарна изложба за собирање средства за болни од рак

Хуманитарна изложба

Хуманитарна изложба на дела од повеќе реномирани македонски автори, во спомен на хуманистката Кираца Апостолова, која неодамна почина од рак, ќе биде отворена вечер во галеријата на НЛБ Тутунска Банка во Скопје.


Средствата собрани од продажбата на делата ќе бидат наменети за лекување на болни од рак. 


Изложбата по повод 30 години од раѓањето на Кираца Апостолова ја организира нејзиното семејство и анти-канцер Здружението „Животна искра“, со помош од неколку поддржувачи.


Изложбата на 31 август ќе биде заокружена со свечена академија која ќе почне во 20 часот, по што ќе следи настап на повеќе драмски и музички уметници. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.