Фестивал на европската литература "Букстар"

"Букстар"

Издавачката куќа "Антолог" од 25 октомври до 3 ноември ќе го организира третиот Фестивал на европската литература "Букстар" под слоганот "Читај бе, братучед, читај!".


Од Антолог информираат дека пред домашната публика ќе бидат претставени четворица писатели од самиот книжевен врв на Европа, двајца докажани македонски писатели од помладата генерација, антологија на бунтовната поезија од европски автори, книжевна трибина, саем на европски книги и филмски проекции. И оваа година организаторите на фестивалот ќе се обидат да ги продлабочат соработката и двонасочната културна размена меѓу Македонија и Европа на најубавиот начин - преку уметноста на зборот.


Оваа година впечатливи книжевни жанрови ќе бидат постмодерната фикција и трилерот бидејќи за разигрување на нашето мрачно секојдневје е потребна мала, но прецизно избрана доза возбуда и поинаква реалност, соопштуваат од Антолог.


"Букстар 2017" ќе биде отворен на 25 октомври со промоција на роман на Илја Леонард Фајфер од Холандија. Како и во минатите две изданија, десетдневната фестивалска програма е базирана на различни книжевни настани. Повторно во фокусот се гостувањата на авторите и промоциите на нивните дела, кои ќе се одржат во Клуб ресторанот на Младинскиот културен центар со почеток во 20 часот.


За време на фестивалот сите наслови од авторите учесници ќе се продаваат по саемски цени во книжарниците на "Антолог".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.