Соло рецитал на виолинистот Бојан Илкоски
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 11 Декември 2017
Во камерната сала на Македонската филхармонија вечер соло рецитал ќе одржи виолинистот Бојан Илкоски. На програмата ќе бидат изведени капитални дела од опусот за соло виолина, дела од Ј.С. Бах, Н. Паганини и Е.Изаи.
Илкоски годинава одржа уште два рецитала. Во мај се претстави пред велешката публика во театар „Џинот” заедно со пијанистот Дино Имери, а солистички концерт имаше и во Скопје во рамките на фестивалот „Златна лира 2017“.
Своето музичко образование Илкоски го започнува на 7-годишна возраст во ДМБУЦ-Илија Николовски-Луј Скопје, каде ги завршува нижото и средното музичко образование. Првите контакти со виолината ги остварува на својата седум-годишна возраст со проф.Румен Димитриев, а дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф.Олег Кондратенко.
Од неодамна Илкоски е редовен член на симфонискиот оркестар при Македонската филхармонија, како и член на оркестарот за филмска музика на FAME`S.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс