Одбележување на Светски ден на музеите

Светски ден на музеите

Музеите во Македонија денеска со изложби и активности го одбележаа Светскиот ден на музеите 18 Мај, а некои од нив утре ќе се придружат на манифестацијата ,,Европска ноќ на музеите,,.

 

Влезот на Музејот на Македонија денеска бесплатен за посетителите. Во рамки на Европската ноќ на музеите во Република Македонија“, Музејот на Македонија утре ќе биде отворен од 19 до 1 часот по полноќ, а од 21 часот утревечер ќе се одржи.


Археолошкиот музеј на Македонија денеска ги промовира новите простории на најстарата и најголемата специјализирана археолошка библиотека во Македонија. Фондот на библиотеката има повеќе од 6000 книги, со преку 20.000 стручни и научни трудови од домашни и странски автори.


Светскиот ден на музеите со две тематски изложби го одбележува и Природонаучниот музеј. Од денеска до 10 септември во овој музеј ќе бидат поставени геолошко-палеонтолошката изложба.


Светскиот ден на музеите традиционално се одбележува на 18 мај од 1977 година, со цел да се подигне свеста за важноста на музеите и културното наследство во развојот на едно општество. Утврден е од Меѓународниот совет на музеите - ИКОМ кој е формиран во 1946 година.


Целта на основањето на ИКОМ е да се создаде мрежа на музеи и музејски професионалци од земјите од светот кои се грижат за културното и за природното наследство. Република Македонија се вклучи во таа мрежа во 1993 година, со формирањето на Македонскиот национален комитет на ИКОМ.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.