Потрага по млади луѓе кои сакаат да се изразат креативно

„Докуникулци 2018“

„МакеДокс“ во соработка со ДримОН Фестивал е во потрага по тазе т.н докуникулци на возраст од 13 до 19 години кои сакаат да бидат дел од годинешната работилница за креативен документарен филм „Докуникулци 2018“.


Оние кои сакаат да се пријават треба да се снимаат себе си во вид на видео-порака, со телефон, веб-камера или на кој било друг начин, да го испратат видео, кое не треба да трае повеќе од пет минути и да одговорат на неколку прашања.


Прашањата се:


1. Освен преку соништата, накој друг начин бегаш од секојдневието?
2. Кога би можел да бидеш кое било животно или растение, што би избрал/а да бидеш и зошто?
3. Кое е твоето прво сеќавање?
4. Кога би сретнал/а магаре што знае да зборува, што прво би ти кажало и зошто?
5. Кој документарен филм ти оставил најголем впечаток и зошто?
6. Која е приказната што сакаш да ја раскажеш и зошто е различна од останатите?
7. Што би издвоил/а за себе како важно, специфично, откачено?


Видеото треба да се испрати на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. преку WeTransfer., а може са се прикачи на VIMEO или YouTube, заштитено со лозинка.


Повикот е отворен до 30 јуни 2018 година, а резултатите ќе бидат објавени до 5 јули 2018 година.


Дванаесетмина избрани ќе бидат поделени во 3-4 помали групи со по еден ментор, а на крајот на работилницата, секоја група ќе треба да има готов креативен документарен филм. Организаторите им порачуваат на сите креативци во овој момент да не берат гајле за опрема.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.