Проекција на филмови во рамки на Скопско лето

 

Во рамки на „Скопско лето“ вечерва во 21 часот ќе се одржи проекција на филмот „За телото и душата“, на Факултетот за ликовни уметности во Сули-ан.

За телото и душата“ е драма во режија на Илдико Енједи. Филмот има освоено „Златна мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал, номинација за Оскар за најдобар странски филм, награда за најдобра актерка и 3 номинации за Европските филмски награди. Утревечер на истата локација ќе биде прикажан францускиот филм „Откачени трудници“, со почеток во 21 часот. Филмот е комедија, во режија на Ноеми Салио.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.