Специјална проекција на македонскиот игран филм „Копање“
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 04 Октомври 2018
Долгометражниот игран филм „Копање“ на Мартин Иванов и Ивица Димитријевиќ денеска ќе има специјална проекција во кино „Фросина“ во 18 часот во рамките на фестивалот „Киненова“. По проекцијата ќе се одржи сесија на прашања и одговори со режисерите.
Филмот е работен според истоимената претстава на германскиот драматург Кристијан Винклер, која беше поставена во Македонскиот народен театар во април минатата година.
Во 20 часот во киното „Фросина“ ќе продолжи ревијата на норвешки филмови со проекција на „Утоја - 22 јули“ на режисерот Ерик Попе. Филмот е за нападот од јули 2011 година на норвешкиот остров Утоја каде повеќе од 500 млади луѓе биле на политички летен камп.
„Киненова“ во 19.15 часот во МКЦ организира и трибина: „Македонскиот независен филм“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс