(Видео интервју) Ги сними најубавите Југословенски филмови, а потоа замина да работи во Германија- Аница Добра

Српската актерка Аница Добра (55) е специјалната гостинка на третиот меѓународен фестивал на дебитантски филм „Киненова“ .

 

На отворањето вечерва во кино „Милениум“ ќе ѝ биде врачена награда за особен придонес во филмската дејност, а утре од 18 часот во кино „Милениум“ во рамки на „Бела ноќ“ во нејзина чест ќе биде прикажан филмот „Жената со скршен нос“ на Срѓан Кољевиќ од 2010 година, во кој таа игра една од главните улоги.

 

Ѕвездата на филмовите „Црни бомбардер“, „ Балкан Експрес“, „ Веќе видено“ и „Како пропадна рокенролот“ во ексклузивно интервју за Прва скопска ни ги открива нејзините ставови и размислувања за актерството, за животот и за успехот кој ја следи уште oд нејзините дваесетти години, па се до сега.

 

Жената со скршен нос, а насловот на филмот кој ќе се прикаже во рамки на фестивалот Киненова. За прашавме за нејзината улога во филмот, но и за улогите кои ги добивала досега. Вели, секоја улога и е подеднакво важна и драга.

 

 Од нејзината 25та година живее на релација Србија- Германија. Професионалниот успех во Германија започнал сосема случајно, на фестивалот во Пула, кога германските продуценти ја забележале и ја ангажирале.

 

 Аница Добра, иако има 55 години, изгледа шармантно и убаво, а живее динамично, како да е во најдобрите години. Ја прашавме која е нејзината тајна.

 

Добра дебитираше во краткометражниот филм „Пера Панкер“, за филмот „Веќе видено“ во 1987 година на фестивалот во Пула доби награда, подоцна во „Балкан експрес“ уште еднаш ја потврди својата актерска способност но и пејачка способност, а во меѓувреме настапуваше во Атеље 212 и во театарот „Звездара“.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.