За згрижување во новата градинка во Зрновци пријавени над 50 дечиња

Нова градинка во Зрновци

Општина Зрновци, особено внимание посвети на еден од најприоритетните проекти - Изградба на детска градинка со цел згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст. Објектот е во целост завршен, поставена е целокупната опрема, а извршено е и партерно урадување.


По направениот увид од страна на стручни лица од  Министерството за труд и социјална политика, општината е во очекување на добивање одобрение од министерството за труд и социјална политика, а потоа веднаш и со отпочнување со работа.


- Инвестицијата во детска градинка која е од капитално значење, претставува инвестиција во сигурна иднина  за најмладата генерација. Децата заслужуваат соодветна грижа и заштита. Со ова ќе се осигури процесот на социјализација неопходен за правилен раст и развој на децата, изјави денеска градоначалникот на Зрновци, Блаже Станков.


За престој во градинката имаме пријавено околу 50 дечиња, но таа бројка не е конечна, очекуваме таа да достигне до 70 дечиња. - Се надевам дека распишаните локални избори нема да бидаат пречка за добивање на одобрението за работа, со оглед на потребата и итноста од нејзино отварање, истакна  Станков.


Инаку градинката во Зрновци е градена со средства од ИПА фондовите на Европската заедница во висина од 230 илјади евра. Опремата во градинката е целосно обезбедена од Министерството за труд и социјална политика.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.