Одбележан Меѓународниот ден на белиот стап

Меѓународен ден на белиот стап

Во пресрет на 15 октомври, Меѓународниот ден на белиот стап, денеска во Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид се одржа настан „Различни, посебни, а еднакви – Менуваме“. Лицата со оштетн вид имаат силна порака до заедницата, а за појасно да бидат сватени во недела ќе им ги покријат очите со превез на сите присутни на настанот организиран на плоштад Македонија.

 

По повод 15 октомври, Меѓународниот ден на белиот стап - симбол на лицата со визуелно нарушување на видот, денеска во Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ се одржа настан насловен „Различни, посебни, а еднакви – Менуваме“, на кој беа истакнати проблемите со кои се соочуваат лицата со оштетен вид. Суарет Алишан од НВО „Детски свет нов почеток“ истакна дека во Македонија 2.500 деца од претшколска возраст имаат оштетен вид, и побара подобрување на квалитетот во образованието, социјалната инклузија која им е неопходна на децата со визуелно нарушување, инфраструктура, дактилни патеки и многу други работи кои би го олесниле пристапот за нив.


Со цел да им се прикаже на луѓето кои никогаш немале проблем со видот, како се чувствуваат, и колку им е тешко да функционираат на лицата со оштетен вид, планиран е настан, во рамки на кој на очите на случајни минувачи, ќе им биде покриен со превез.


Директорот на Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, Горанчо Јакимов рече дека се вложиле сите заеднички на учениците да им се овозможат услови и образование какво што им е потребно.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.