Денови на сексуално и репродуктивно здравје и лица со попреченост во организација на ХЕРА

ХЕРА

Со искуствената работилница за сексуалност наменета за девојки и жени со попреченост денеска почнуваат ,,Деновите на сексуално и репродуктивно здравје и лица со попреченост,, коишто ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражување и Платформата за унапредување на СРЗП на лицата со попреченост ги организираат до 10 ноември.


,,Сексуалните права се универзални човекови права засновани на вродената слобода, достоинството и еднаквоста на сите човечки суштества. За потполно уживање на овие права, сите луѓе треба, меѓудругото, да имаат пристап до информации и услуги за сексуално и репродуктивно здравје (СРЗ). Но, ова како да не важи за лицата со попреченост во Македонија“, велат од ХЕРА.


Во отсуство на доволно приватност и соодветно структурирани програми за СРЗ, велат од таму, лицата со попреченост кај нас живеат опкружени со бројни физички бариери, стигма, професионални предрасуди и чудни погледи, па едвај ги остваруваат своите сексуални и репродуктивни права.


Токму затоа, претстојните ,,Денови на сексуално и репродуктивно здравје и лица со попреченост ќе ги актуелизираат овие прашања меѓу пошироката јавност, но и ќе ги охрабрат лицата со попреченост да зборуваат за своите искуства и да ги бараат своите сексуални и репродуктивни права“, велат од ХЕРА.


Покрај двете искуствени работилници за сексуалност и работилницата за луѓе со интелектуална попреченост, во текот на следните три недели ќе се обезбедат и бесплатни дерматовенеролошки и гинеколошки прегледи за луѓето со попреченост во Младинскиот центар ,,Сакам да знам,, на Водно.


,,Деновите ќе завршат на 10 ноември со филмска проекција и јавна трибина, којашто покрај гинеколог, експерт за СРЗ, родител и лице со попреченост, ќе ја вклучи и општата јавност во дискусијата за едукацијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.