Вредноста на потрошувачката кошничка, многу поголема од минималната плата во Македонија

Синдикална кошница

Македонците најмногу пари месечно трошат за храна и сметки, а најмалку за забава и култура. Според податоците на Сојузот на синдикати на Македонија, вредноста на потрошувачката кошница за еден месец изнесува 32. 316 денари.


Вкупната вредност на синдикалната кошница изнесува 32.316 денари. Од нив, за храна и комуналии граѓаните од семејниот буџет одвојувале 23.871 денар, покажуваат податоците за вредноста на синдикалната минимална кошница што ги објавува Сојузот на синдикати на Македонија.


Според синдикалната кошница, најмногу пари се трошат за храна, односно 13. 422 денари, за комунални трошоци 8. 253 денари, а за опрема за куќа и одржување 2,197 денари.


Според синдикалната кошница, одржувањето на личната хигиена чини 980 денари, а одржувањето на хигиената во домот 1.244 денари. За превоз, месечно граѓаните трошат 2.340 денари, а за облека и обувки 2.129 денари. 


Најмалку пари од семејниот буџет се одвојува за одржување на здравјето, односно околу 680 денари, како и за посета на културни манифестации, околу 1.070 денари.


Екипа на МТМ телевизија, сепак реши да ги праша граѓаните дали се согласуваат со оваа статистика, и за што тие најмногу трошат пари.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.