Двра, парно, клима... На што граѓаните најмногу се топлат?

Топлинска енергија

Дрва, парно, клима уред се дел од начините на кои граѓаните ги затоплуваат своите домови, но она што ги интересира сите е начинот на кој греењето е најисплатливо. Сепак голем дел од граѓаните во индивидуалните домаќинства се одлучуваат за греење на дрва, затоа што шпоретите на дрва ги користат за подготвување јадење, со што ја намалуваат сметката за електрична енергија.

 

Постојат голем број опции за греење во зимските денови, но она што сите не интересира е преку кој тип на греење ќе заштедиме најмногу, а ќе успееме да го стоплиме својот дом. Дрва, парно или клима уред се начините на кој граѓаните најчесто го затоплуваат својот дом.


Потребата за греење на домот трае отприлика шест месеци, со тоа што три месеци просториите треба интензивно да се топлат. Врз потрошувачката влијаат многу фактори од типот: колкав простор сакате да згреете, колку квалитетна изолација имате итн.


За да има максимална искористеност на топлинската енергија, просториите од вашиот дом мора да имаат квалитетна изолација. Ова е инвестиција што треба да ја направите доколку сакате да заштедите на сметки и да го згреете домот. Секоја година постои голем интерес за греење на дрва, а цената на еден метар кубен дабово дрво изнесува околу 50 евра. Дрвата се посакуван избор за греење од многу причини, а една од причините е што многу семејства ги користат шпоретите на дрва и за готвење со што ги намалуваат сметките за електрична енергија во зимскиот период.


Покрај класичните шпорети на дрва, за затоплување можете да користите и камини на пелети од кои дел ја имаат и опцијата да се поврзат со парно. Постојат и топловодни котли кои комбинирано загреваат на цврсто гориво, нафта и електрична енергија.


Голем дел од граѓаните кои ги анкетирамве истакнаа дека се топлат на парно и струја но сметаат дека немаат друго решение.


Интересот за греење на дрва е голем, но останува фактот дека и многу семејства се греат на струја. Доколку се одлучите целосно да се греете на струја, цената на месечните сметки ќе зависи дали и колку често ја користите евтината тарифа, но сметките во просек изнесуваат некаде околу 6.000-9.000 денари месечно.


Висината на сметките зависи и тоа дали ја загревате само собата во која престојувате или пак ја загревате целата куќа или стан.


Ако размислувате за време на грејната сезона да се греете на електрична енергија, а притоа вашиот прв избор е клима уредот, тогаш подобра опција е инвертер клима уредот со кој потрошувачката на струја е помала, а другата предност е што може да се згрее домот дури и кога температурата надвор ќе падне и до -15.


Грубата математика покажува дека загревањето просечен дом на струја за една сезона би чинело најмалку 30.000 денари. Сепак, пресметките за домаќинствата што го користат овој енергенс се различни, во зависност од грејните тела. Сепак и оние што имаат парно или користат дрва во најстудените денови се догреваат со струја. Дури 80% од домаќинствата го користат овој енергенс како основно или дополнително средство.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.