Отворени денови на Институтот за македонски јазик од 13-ти до 17 ноември

Институт за македонски јазик

Петдневна манифестација Отворени денови ќе организира Институтит за македонски јазик "Крсте Мисирков" наредната работна седмица од 13-ти до 17 ноември. Централен настан е втората Меѓународна научна конференција "Минатото на јазичниот свет - денес и утре" со 68 учесници од Македонија и од седум други земји: Босна и Херцеговина, Косово, Полска, Русија, Словенија, Србија и Хрватска.


Претседателката на Организацискиот одбор на конференцијата, Лидија Тантуровска, на прес-конференција денеска рече учесниците, кои се 33 повеќе од минатогодишната конференција, ќе дискутираат на разновидни теми од граматика, лексикологија, фразеологија, историја, дијалектологија, социолингвистика на македонскиот јазик во споредба со други словенски и несловенски јазици. Пред почетокот на конференцијата ќе биде промовиран и Хрватско-македонски речник, а покрај работен дел, за учесниците ќе има и факултативна посета на Маврово.


Отворените денови ќе почнат во понеделник во 11 часот со промоција на три нови изданија на Институтот, а вториот ден од манифестацијата ќе биде организирана јазична трибина "Јазиците на Балканот: босански јазик - состојби и перспективи".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.