Панел дискусија ,,Потребата од дигитализација во 21 век,, по повод роденденот на Википедија

ГЛАМ Македонија

Во организација на Градската библиотека ,,Браќа Миладиновци,, и Здружението за умножување на слободни содржини ГЛАМ Македонија денеска се одржа панел дискусија на тема ,,Потребата од дигитализација во 21 век,,. Со овој настан се одбележа и роденденот на Википедија која е формирана во 2001 година.

 

По повод прославувањето на роденденот на семрежната енциклопедија Википедија, денеска во Спомен собата на Градската библиотека ,,Браќа Миладиновци,, се одржа панел дискусија на тема ,,Потребата од дигитализација во 21 век,, во организација на библиотеката и Здружението за умножување на слободни содржини ГЛАМ, кое работи на реализација на проекти поврзани со Википедија, чија главна цел е збогатување на знаењето кое е слободно. Претседателката на Здружението ГЛАМ, Снежана Штрковска, истакна дека идејата на оваа панел дискусија е да се видат и слушнат разни мислења и погледи за дигитализацијата, затоа што Википедија е дигитална енциклопедија и ја нема во писмена форма.


Википедиите се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Википедија на македонски јазик постои од септември 2003 година и моментално има 92.362 енциклопедиски статии кои се лесно достапни и слободни за употреба. Но оваа бројка на статии, како што вели Снежана Штрковска е мала и затоа тие работат на збогатување на содрижните на Википедија и за таа цел обучуваат ученици и возрасни за уредување на оваа дигитална енциклопедија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.