Радев ја почна официјалната посета на Македонија
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 16 Февруари 2018
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска со средба со шефот на македонската држава Ѓорге Иванов ја почна дводневна официјална посета на Република Македонија.
Радев беше пречекан со највисоки државни и воени почести на платото пред кабинетот на претседателот Иванов, а потоа двајцата државници заминаа на тет-а-тет средба.
Радев и Иванов утре ќе имаат средба со претставници на стопанските комори на двете земји.
Бугарскиот претседател во Македонија пристигнува во придружба на двајца митрополити, кои ќе бидат дел од неговата делегација. Како што е познато Македонската православна црква - Охридска архиепископија побара БПЦ да и стане Црква-мајка. Со Радев во земјава доаѓаат пловдивскиот митрополит Николај и старозагорскиот митрополит Кипријан.
Радев во интервју за бугарската агенција БГНЕС, дадено во пресрет на посетата на Македонија, како што веќе објави МИА, истакна дека позиција што ја зазело македонското раководство била пресврната точка.
- Таа и даде шанса за новата перспектива, кон која ние во Бугарија отсекогаш сме биле отворени. Треба да направиме се луѓето од двете страни на границата, и од Бугарија и од Македонија, навистина да се чувствуваат како браќа, рече Радев.
Изрази очекување во иднина односите меѓу двете земји да се развиваат многу подинамично во сите области од взаемен интерес, по стапувањето во сила на Договорот за добрососедство.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс