Потпишана декларација за етичко известување за теми поврзани со ЛГБТ заедницата

Етичко известување за ЛГБТ заедницата

На иницијатива на Коалицијата Маргини заедно со Советот за етика во медиумите, Здружението на новинари на Македонија, и Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиуми, денеска во Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиуми беше промовирана Декларација за етичко и професионално известување за теми поврзани со ЛГБТИ во медиумите.


Со промоцијата на оваа Декларација иницијаторите ги изразија заедничките заложби и напори да се спречи дискриминаторскиот говор кон ЛГБТИ во медиумите, и да се поттикне заложба кај медиумите за промовирање на сексуалната и родовата различност, и заштитата на правата на ЛГБТИ.


Директорот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиуми, Зоран Трајчевски ја нагласи досегашната соработка на Агенцијата со здруженијата на граѓани што ги застапуваат правата на ЛГБТИ, како и активностите на Агенцијата за мониторинг и спречување на дискриминаторскиот говор и говорот на омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.  

 

Марина Тунева од Советот за етика во медиумите ја нагласи важноста од саморегулација во медиумите, како и нивната клучна улога во промоцијата и заштитата на правата на ЛГБТИ луѓето.

 

Иницијаторите на Декларацијата ги повикаа уште еднаш сите медиуми кои до сега не ја потпишале Декларацијата, да го сторат истото, и со тоа да ги потврдат нивните заложби за, како и да испратат јасна порака до граѓаните дека ги осудуваат дискриминацијата и говорот на омраза кон ЛГБТ луѓето, и ја препознаваат својата улога во застапувањето и промоцијата на човековите права.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.