Пивара со ново пиво на пазарот - Скопско Нефилтрирано

Скопско Нефилтрирано

Пивара Скопје го промовира новиот производ од портфолиото на Скопско, Скопско Нефилтрирано пиво. Како што информира производителот љубителите на доброто пиво ќе го препознаат овој вкус како и оние кои сакаат нови возбудувања и нови предизвици.

 

Оперативниот менаџер за производство на пиво во Пивара Скопје, Кирчо Стојанов рече дека му претставува големо задоволство што работел со тимот за да го створат овој нов продуцт. Стојанов информира дека пивото припаѓа на категоријата крафт пива, кои што во Македонија и на Балканот не се често застапени, меѓутоа во светски размери земаат се поголем тренд. Како што додаде Стојанов поради присуството на квасец пивото има автентичен вкус кој што потсетува на пивата што се произведувале пред 100 години. Поради специфичноста и уникатноста на производот вложен е голем труд во пакувањето, ова се разликува од стандардните пива. Амбалажата е обвиткана со хартија, а тоа е така затоа што производителот сака да ја заштити течноста од влијанието на светлината и да се зачува свежината на пивото што е можно подолго време.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.