Се асфалтираат прилепските улици

Интензивно се асфалтираат и се „крпат“ дупките низ повеќе улици во Прилеп, информираат од локалната самоуправа.

Во моментов се работи на асфалтирање и „крпење“ на ударните дупки на прилепските улици „Кеј 1 Мај“, делoви од „Кузман Јосифоски-Питу“, „Димо Наредникот“, „Васко Карангелески“ и „Јоска Јорданоски“, а нов асфалт ќе добие и улицата „Бранко Секулоски“. Во наредниот период, Општина Прилеп ќе продолжи со урбаните зафати предвидени за тековнава година.

Улиците се обновуваат согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на Општина Прилеп за 2018 година. На асфалтирањето и на рехабилитирањето на градските улици работат екипи на фирмите „Изофас“, „Сењак“ и „Ве-Група“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.