All for Joomla All for Webmasters

Марш за сеќавање на геноцидот во Сребреница

Во присуство на голем број граѓани, претставници на институции, пратеници, политички партии, претставници од Исламската верска заедница и здруженија, синоќа во просториите на општина Чаир се одржа комеморација за жртвите од геноцидот во Сребреница, во организација на „Форумот на Бошњаците“.

По интонирање на химните на Република Македонија и Босна и Херцеговина се одржа едноминутен молк во чест на жртвите во Сребреница, а потоа на присутните им се обрати кординаторот на Форумот на Бошњаците, Садрија Хасановиќ. 

На комеморацијата говореше пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, кој рече дека е важно да се потсетиме себе си, да ги потсетиме и другите за геноцидот во Сребреница, да се сеќаваме и да извлечеме поука, но и да упатиме порака до сите, порака на осуда и порака за подготвеност да градиме подобро утре со сите, но на рамноправни односи.

- Пораката на денешната комеморација е „да се знае, да не се заборави“. Со оглед дека Сребреница е морално прашање од прв ред и се однесува на целото човештво, денеска сме тука припадници од сите етнички групи и од сите религиозни заедници заеднички да го осудиме она што се случило во Сребреница за да не му се повтори на никого, истакна координатор на Форумот на Бошњаците, Енес Шемсовиќ.

Во рамки на одбележувањето вчера група граѓани отпатуваа во Меморијалниот центар Поточари во БиХ.

По повод одбележувањето на 11. јули - Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница, денеска претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери ќе оствари средба со претставниците на бошњачките здруженија и бошњачката заедница во Република Македонија.

Во попладневните часови ќе се одржи и „Марш на мирот“ за солидарност со жрвите на геноцидот во Сребреница во 1995 година и нивните преживеани членови од семејството. 

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.