Планирано исклучување на Блок 2 во РЕК Битола поради редовен ремонт

РЕК Битола во текот на денов ќе изврши планирано исклучување на Блок 2 и ќе почнат подготовките за редовниот годишен ремонт, предвиден за 25. месецов, соопшти денеска АД ЕЛЕМ.

Оттаму информираат дека РЕК Битола ќе го продолжи континуираното производството на електрична енергија преку Блок 3, додека на Блок 1 привршува капиталниот ремонт и набрзо ќе се вклучи на мрежата.

- АД ЕЛЕМ произведува електрична енергија според планот и според потребите на тарифните потрошувачи, а исто така врши и продажба на вишоци електрична енергија. Сето тоа зборува за добрата кондиција на производните капацитети и доброто менаџирање на ресурсите, во насока на обезбедување енергетска стабилност на системот, се вели во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.