Попладне дожд и грмежи, од утре стабилно време со ветер и пониски температури

 Времето попладне ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално се можни поизразени процеси со интензивен пороен дожд и силен ветер, особено во југоисточните и источните делови, информираат од Управата за хидрометеолошки работи. 

Пороен дожд и грмежи денеска се очекуваат и во Скопската котлина. Максималната температура ќе достигне до 34 степени, а УВ индексот ќе биде 7.

Од утре следува период на стабилно време. До петок ќе биде ветровито со засилен северен ветер и со пониски дневни температури. За време на викендот ќе биде сончево и значително потопло. Од недела кон крајот на денот и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Температурата ќе се движи од 10 до 32 степени, а во Скопје и околината утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 29 степени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.