Јавна расправа: Вишокот храна да заврши кај оние кои живеат под прагот на сиромаштија

Храната која се смета за вишок треба да заврши кај семејствата кои не можат да си ја дозволат. Уставот го гарантира правото да им се помогне на граѓаните кои се загрозени.

 

Според податоците, 450.000 илјади граѓани живеат под прагот на сиромаштија, а истовремено се фрлаат околу 10.000 тони храна на годишно ниво во вредност од 12 милиони евра. Потребно е преземање активности за намалување на бројот на сиромашните, за подигнување на свеста за покажување солидарност, со цел тие да добијат оброк. 

Ова го истакнаа учесниците на јавната расправа на тема „Храната како основно човеково право“, која денеска ја организираше собраниската Постојана анкетна комисија. Храната која се смета како вишок треба да заврши кај сите семејства кои не можат да си ја дозволат. Уставот го гарантира правото да им се помогне на граѓаните кои се загрозени. 

Во Македонија 445.000 граѓани имаат проблем со обезбедувањето храна, а од друга страна голема количина храна се фрла. Според некои податоци, околу 30 отсто од произведената или увезената храна во Македонија е со поминат рок и завршува во отпад, а не кај оние на кои им е потребна.

Институциите сметаат дека потребно е преземање конкретни активности на национално и локално ниво за намалување на бројот на сиромашните и гладните, подигнување на свеста на луѓето за да ја покажат својата солидарност и многу повеќе луѓе да добијат оброк, да се здружат државата, граѓанските организации и приватниот сектор за да се даде придонес во намалувањето на бројот на гладни луѓе.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.