Ручи ги повика Албанците во Македонија масовно да излезат и да гласаат „за" на референдумот
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 20 Септември 2018
Претседателот на албанскиот парламент, Грамоз Ручи ги повика Албанците во Македонија масовно да излезат и да гласаат „за“ на референдумот што ќе се одржи на 30 септември.
Како што оценил на средбата во Тирана, со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, позитивниот резултат на референдумот е многу значаен за европската иднина на Македонија и целиот регион.
- Политичките сили и институциите на централната и локалната власт предводени од Албанци треба да дадат јасна порака за поддршка на референдумот. Ние Албанците, сме важен фактор на стабилност не само за Македонија, туку и за целиот регион. Позитивно е дека албанските политички сили главно се за референдумот и тоа треба да биде проследено со поддршка од страна на албанските гласачи, изјави Ручи.
Тој додава дека улогата на општина Тетово е клучна за обезбедување на учеството на Албанците на референдумот и нагласува дека „Албанците не треба да ја изгубат оваа историска шанса“.
Градоначалничката Арифи го посочи фактот дека политичките сили и Албанците во Македонија го подржуваат референдумот и ќе гласот „за“.
-Успехот на референдумот на 30-ти септември го отвора патот за други позитивни промени во Македонија, кои имаат и ќе имаат поддршка и од меѓународниот фактор. Меѓународниот фактор, по ова прашање, како ретко до сега, ги подржува прогресивни сили во Македонија, кои вложуваат напори да ги решат проблемите, за просперитет, мир и стабилност во регионот, посочи Арифи.
Двајцата соговорниците искажале верба дека Албанците масовно ќе учествуваат на референдумот на 30 септември и оти нивниот глас ќе биде „за“.
Арифи му се заблагодарила на Ручи за подршката што Албанија и Собранието на оваа земја ја даваат во овие моменти за Албанците во Македонија.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс