АВМУ: Анкети заклучно со 24 септември, референдумскиот молк од 28 септември

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека резултати од испитувања на јавното мислење во врска со референдумот може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот одреден за гласањето.

 

Оттаму, резултати од анкети на јавното мислење може да се објавуваат заклучно со 24 септември 2018 година.

 

Како што соопшти АВМУ, рефендумскиот молк започнува 48 часа пред денот на гласањето, односно на 28 септември 2018 година и завршува со затворањето на гласачките места во 19 часот на 30 септември 2018 година. За време на молкот треба да престанат сите облици на јавна пропаганда поврзана со референдумот. 

 

АВМУ ги повикува радиодифузерите за повеќе детали да го консултираат Упатството за медиумско претставување за време на референдум, достапно на веб-страницата на Агенцијата во банерот РЕФЕРЕНДУМ 2018.

 

Агенцијата додава дека следната недела ќе бидат објавени извештаите за констатираните прекршувања и првиот извештај за медиумското покривање на референдумот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.