Руско МНР за референдумот смета дека гласачите бојкотираа решенија наметнати од надвор

Резултатот од референдумот во Македонија покажува дека гласачите одлучија да бојкотираат решенија наметнати од надвор, соопшти руското Министерство за надворешни работи. 

 

- Водечките политичари од НАТО и Европската Унија директно се вклучија во пропагадната кампања, не воздржувајќи се од мешање во внатрешните работи на земјата. И покрај фактот што две третини од граѓаните на Македонија не го поддржаа  Преспанскиот договор, резултатите од референдумот веднаш беа поздравени од лидерите на ЕУ и НАТО, како и од Вашингтон. Тие се решени да го вклучат Скопје во НАТО и покрај спротивниот став на македонските граѓани, наведуваат од МНР на Русија. 

 

Официјална Москва, како што се посочува, и натаму ја застапува принципиелна позиција дека долгорочно решение може да се најде само меѓу двете земји, без мешање однадвор, и исклучиво во рамките на правниот систем и со широка јавна поддршка.

 

- Јасно е дека Преспанскиот договор не ги исполнува овие критериуми. Тој е контрадикторен со меѓунaроднто право и македонскиот Устав, што беше постојано нагласувано од претседателот на државата Ѓорге Иванов, вклучувајќи го и неговото обраќање пред Генералното собрание на ОН. Русија како постојана членка на Советот за безбедност на ОН внимателно ја следи ситуацијата. Сметаме дека согласно став 3 од Резолуцијата 845 на СБ на ОН, резултатите од преговорите меѓу Скопје и Атина треба да бидат разгледани во Советот за безбедност, се вели во соопштенито од руското МНР.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.