Се преврте возило со 13 мигранти на автопатот Градско-Велес
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 02 Октомври 2018
Возило се превртело на автопатот Градско-Велес утринава околу 6.30 часот, во кое биле пронајдени 13 мигранти, од кои двајца повредени, информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
- Патничко возило „рено еспејс” со струмички регистарски ознаки, управувано од непознато лице, удрило во заштитната ограда и се превртело. По незгодата, возачот побегнал од местото, а во возилото биле пронајдени 13 мигранти од кои двајца биле повредени, појасни Додевски.
Тие биле пренесени во Општата болница Велес, а поради карактерот на повредите биле префрлени во комплексот клиники „Мајка тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, а увид на местото извршила екипа од СВР Велес.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс