Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ бега од избори
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 04 Октомври 2018
Ние немаме никаков проблем против пржинска влада во уставно одредените рокови, но ВМРО-ДПМНЕ сака да направи се за оваа година да не се организираат парламентрани избори зашто знае дека ќе помине катастрофално, истакна вицепремиерката Радмила Шекеринска.
Шекеринска нема дилеми во пораката од референдумот, дека мнозинството граѓани, како што рече, сака во ЕУ и НАТО, а пратениците тоа треба да го прифатат.
- Едно е јасно - дека на референдумот не недостигаа гласови „за“, туку само гласови „против“. Факт е дека 610.000 граѓани излегоа и прифатија Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ со прифаќање на Преспанскиот договор, нагласи Шкеринска.
Не случајно, дополни, одлуката беше да се оди на консултативен референдум, да се консултираат граѓаните кои имаат став и сакаат да го изразат.
- Донесовме одлука која покажа дека имаме чисти намери, одлука која одговара на државните, а не на партиските интереси, рече Шекеринска.
Според неа, мнозинството во раководството на ВМРО-ДПМНЕ се навикна на европката шминка и мисли дека тоа ќе помине. - Тоа не е новина, но првпат го гледаме кога ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција. Кога беа на власт зборуваа многу за ЕУ, но во суштина правеа се за да се блокира тој процес, државата никогаш да не ги прифати тие вредности и да имаат поле за корупција, подвлече Шекеринска.
Таа од јули била уверена дека ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема да направи ни полупчекор да и помогне на државата ако за тоа не добие амнестија. Кај Мицкоски се менуваа ставовите и изјавите, но интересот, подвлече Шекеринска, остана ист.
- Ние немаме проблем со техничка влада што ќе спроведе избори зашто ние на избори не крадеме, не го претвораме МВР во партиски клуб. Ќе го почитуваме Законот за пржинската влада. Тоа го кажавме во неделата, вчера и денес. Но, мора да го почитуваме и Уставот кој вели - кога има предвремени парламентарни избори кои се организираат како резултат на распуштање на Собранието, од распуштање на Собранието до предремените избори не смеат да поминат повеќе од 60 дена, нагласи вицепремиерката Радмила Шекеринска.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс