Умерено облачно и топло, до 27 степени

Времето денеска ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од два до 27 степени.

 

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Температурата ќе биде од осум до 25 степени.

 

Според УХМР, следните денови ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време со температури околу просекот за овој период од годината. Во недела попладне и во понеделник е можна појава на краткотраен дожд, особено во западните и југозападните делови од земјава.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.