Времето ќе биде сончево со мала умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската темптература беше седум, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Во недела и во понеделник во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста и појава на локален дожд, на места пороен, особено во западните делови од земјава. Потоа во наредните денови ќе продолжи периодот на умерено облачно и стабилно време со температури околу, а на некои места и над просекот за овој период од годината. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.