ВРЕМЕ: Сончево со слаб североисточен ветер

Времето денеска  е сончево со мала до умерена облачност. Повеќе облачност има во источните делови. Дува слаб до умерен североисточен ветер.

Утринската температура се движеше од три до девет, а дневната ќе биде од 21 до 28 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од шест до 25 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево време со мала до умерена локална облачност. Утрата ќе бидат студени, а дневните температури ќе бидат без позначителни промени и ќе се задржат малку над просекот за овој период од годината. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.