Поенти од вчерашниот говор на Мицкоски: Се случи црн петок

Во Република Македонија денеска се случи тажен ден, црн петок, најцрниот петок во демократијата на современа, независна Македонија, изјави доцна синоќа претседателот на ВМРО ДПМНЕ.

Имаше луѓе кои се бореа за делото сочувано во идејата за Македонија, и оние кои се бореа против, нагласи Мицкоски по седницата на Собранието на која беше изгласан предлогот за потребата за промена на Уставот.

Тој посочи дека ова денеска е акт на насилство на државата.

– Ова не е одлука на народот, туку на корумпираното водство на државата кое се бори за својата фотелја поддржана од структури кои решија да работат во нивна полза, нагласи тој.

Тој истакна дека денеска Зоран Заев насила пристапил кон преименување на државата и реализација на договор со кој се губи името Македонија, се губи идентитетот, ќе се преименува историјата, археологијата, образованието и културата.

Наведе дека народот не ја изневерил Македонија, туку премиерот Зоран Заев. Изрази голема благодарност и огромна почит кон пратениците кои не потклекнале на притисоците и гласале „против".

– На ова претходеа информации и сведоштва кои ми беа пренесувани за силни притисоци и закани. Се говори дека било ветувано ослободување од обвиненијата за кои денес е повеќе од јасно дека се дел од прогон кој има политичка намена, да ги уцени пратениците за да гласаат за овој договор, потенцираше Мицкоски.

А, како што велат им биле и понудени пари, и дека наместо Собранието да биде храм на демократијата имавме киднапирана институција од ордите на Зоран Заев и неговите луѓе.

– Сакам да изразам благодарност и огромна почит за пратениците кои одолеаја на заканите и уцените, вие сте пример како се брани и сака својата земја и својот народ, потенцираше Мицкоски.

Тој посочи дека како човек не може да ја оправда одлуката која ја донеле пратениците кои гласале „за".

Посочи дека сите треба да бидат свесни дека има пратеници кои исто така се гонат, но не потклекнале на притисоците и ја поддржале волјата на народот.

Тој посочи дека ќе дојде денот кога Заев ќе одговара за неговите постапки, нагласувајќи „и нема да му суди Кацарска".

Мицкоски наведе дека Заев денеска донел луѓе кои биле уценувани, посочувајќи дека една пратеничка која во текот на претходните денови зборувала против потребата од промена на Уставот, денеска гласала „за". Тој наведе дека самото тоа говори што се случувало.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.