Кампања на Слоу Фуд Македонија за спас на планетата Земја

По повод Светската недела на храната оваа година, од 16-22 октомври Слоу Фуд ја промовираше неделна посветеност во која нејзината мрежа на активисти ширум светот презема конкретни мерки за намалување на емисиите на CO2.

 

Глобалното затоплување сега е реалност, а производството и дистрибуцијата на храна претставуваат една петтина од светската причини за загадување. Со оглед на оваа реалност, Слоу Фуд ги поттикнува луѓето насекаде – а особено во земјите со висок индекс на развој – да ги променат своите навики во исхраната.

 

Луѓето често се чувствуваат немоќни да направат нешто конкретно, во услови на глобално ниво на климатските промени. Почнувајќи од храната, секој од нас може да помогне во спречувањето на овој феномен. За да се демонстрира ова, Слоу Фуд во септември ја започна неделата на промени како дел од кампањата “Храна за промени” која ќе трае до крајот на годината.

 

За време на кампањата, учесниците се обврзуваат на три конкретни акции во текот на тие 7 дена: готвење само со користење на локални состојки, не јадење месо и намалување на отпадот од храна на нула. Од слоу фуд Македонија, велат дека важно е луѓето да сфатат дека нивната посветеност е корисна. Предноста на готвењето само со локални состојки е во тоа што локалната храна е посвежа, ги штити локалните сорти и видови, патува помалку километри и бара помалку пакувања. Потрошувачката на месо е четирипати поголема во последните 50 години. Во просек, секој граѓанин на ЕУ троши 80,6 килограми месо годишно.

 

Според Светската здравствена организација, би било доволно намалување од 25 кг по лице годишно, а преполовувањето на таа сума би претставувало голема победа за нашето здравје и за планетата. Повеќе од 95% од месото што го јадеме доаѓа од индустриските фарми кои се колективно одговорни за 14,5% од глобалните емисии на стакленички гасови .

 

Голема улога во справувањето со загадувањето на планетата има и намалувањето на отпадот од храна. Секоја година во Европската унија се трошат околу 90 милиони тони храна (179 килограми на човек). Од овој отпад, 42% се отпад на ниво на домаќинство и 39% во производствениот сектор. Отпадот од храна исто така подразбира и губење на ресурси како што се земјиште, вода, енергија и повлекува со себе потреба од пакување, транспорт и складирање. Производството на храна која нема да се консумира вклучува непотребни емисии на CO2, покрај загубата на економската вредност на произведената храна.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.