Ивановски: Никола Груевски ќе мора да оди во затвор

Доколку му се одземе пратеничкиот мандат на Никола Груевски тоа значи дека тој не е пратеник и веќе не може да ги ужива пратеничките права.

Доколку, пак, не му се одземе пратеничкиот мандат со тоа Груевски нема да избега одговорност за кривичните дела за кои ќе биде осуден. Според тоа, дали ќе оди на издржување казна затвор сега или по некој месец тоа битно не ја менува работата, изјави за МИА поранешниот уставен судија Трендафил Ивановски.

 

– Одземањето на мандатот на пратеникот Никола Груевски може да се случи само на седница на Собрание при што за тоа е потребно двотретинско мнозинство од пратениците. Доколку се обезбеди такво мнозинство, што засега изгледа како да нема таква можност, и се одземе мандатот тоа веќе значи дека претеникот не е пратеник и не може да ги ужива пратеничките права. Доколку, пак, не му се одземе мандатот, тоа не значи дека Груевски нема други обвиненија и истраги. Тоа значи дека следуваат и натаму пресуди за нови кривични дела каде сигурно нема да му избега одговорноста за кривичните дела за кои ќе биде осуден. Според тоа, дали ќе оди на издржување казна затвор сега или ќе оди по некој месец мислам дека битно многу не ја менува работата, вели Ивановски.

 

Според него, бранителите на Груевски во конкретниот случај  бараат одлагање на изржување на казната затвор и наведуваат соодветни аргументи што не се вистински аргументи кои би влијаеле на самата одлука.

 

За барањето од судот за одземање на мандатот на Груевски заради извдржување на двегодишната затворкса казна за предметот „Тенк“, утре ќе расправа собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

 

Груевски најдоцна до 8 овој месец треба да се јави на издржување на затворската казна. Во петокот, Кривичниот суд соопшти дека судија за извршување санкции ја одбил молбата на Груевски за одлагање на казната.

 

Груевски беше прогласен за виновен и осуден на двегодишна затворска казна на 23 мај. Тој заедно со првообвинетиот Ѓоко Поповски поднесоа жалба до Апелацискиот суд кој ја одби како неоснована жалбата на Груевски, а делумно ја прифати жалбата на Поповски и му ја намали казната затвор на четири години и шест месеци. Во предметот „Тенк“ осудена е и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на шест години затвор.  





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.