Средба Мицкоски – Соботка

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска, заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на Извршниот комитет, Влатко Ѓорчев остварија средба со претседателот на националниот совет на Австрија Волфганг Соботка информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

На средбата се разговараше за повеќе теми важни за стратешките приоритети на Република Македонија, како и за актуелните политичка и економска состојба во државата.

 

Претседателот на партијата Мицкоски на средбата го информираше својот соговорник за политичкиот прогон кој го спроведува власта, преку монтирани случаи и злоупотреба на институциите.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека однесувањето на власта кон политичките противници е далеку од западните и европски вредности кон кои се стреми Македонија.

 

Мицкоски ја потенцираше и влошената економска состојба во Македонија која е резултат на неспособноста на актуелната власт. Тој истакна дека стандардот на граѓаните е во континуиран пад, реализацијата на капиталните инвестиции е катастрофална, а владата не може да обезбеди економски раст.

 

Соговорниците разговараа и за реформските приоритети кои се важни за членството на државата во ЕУ и НАТО.

 

На средбата беше истакнато дека е од огромно значење поддршката на Република Австрија за членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО, но приоритет е земјата сериозно да се зафати со реформи во кои за жал моментално власта сериозно заостанува.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.