Заев: Дали Груевски доброволно ја напуштил Македонија или е киднапиран
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 16 Ноември 2018
Едно е јасно, дека Никола Груевски побегнал со дипломатско возило на Унгарија. Отворена е двојна истрага која треба да утврди како избегал. Штом истрагата ќе заврши, МВР ќе ги соопшти сите детали, рече денеска премиерот Зоран Заев.
Знаеме, дополни, дека Груевски е во Будимпешта и тука нема дилеми. Очекуваме да биде екстрадиран и тука да ја отслужи казната затвор.
– Ги уверувам граѓаните дека ќе направиме се што е во наша надлежност Груевски да биде екстрадиран и да ја отслужи казната во Македонија. Нема да застанеме додека тоа не се случи. И јавно го поставувам прашањето, дали Груевски доброволно ја напуштил Македонија пред да биде издадена потврдата за казната затвор или можеби бил киднапиран. Очекувам Груевски и Унгарија да дадат одговор, истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата за Буџетот за 2019 година.
Гневот на граѓаните, дополни, со право е голем, а ако има одговорност кај институциите, ќе биде понесена.
За истрагата, истакна Заев, информирана ќе биде и ЕУ. Македонија очекува соработка од земјите-членки и пред се, како што напомена, почитување на меѓународното право.
Според Заев, Никола Груевски со бегството во Унгарија ја призна вината за делата за кој е осуден и обвинет.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс