Здруженијата бараат да се преземат итни мерки против загадувањето

Граѓански здруженија, по повод меѓународниот ден на толеранцијата покренаа петиција ,,Нула толеранција за (аеро)загадување и загрозување на животот", упатувајќи апел до сите граѓани на Македонија да ја потпишат.

 

Станува збор за Здружението за социјални иновации и одржлив развој „РАДАР", Новинари за човекови права, Првата детска амбасада „Меѓаши" и Зелениот институт. Тие ја повикаа државата да ги исполни обврските во однос на почитувањето на основното право, правото на живот, воведувајќи итни мерки за намалувањето на загадувањето кое диретно влијае на здравјето на луѓето и нивниот живот. Од буџетот на Владата за 2019 година се издвоени 21,5 милиони евра, односно 0,6 отсто за намалување на аерозагадувањето.

 

Гордана Несторовска која е претставник на „РАДАР", истакна дека државата треба да го зголеми буџетот за предвидените мерки и да преземе итни мерки, додека да почанат да се реализираат среднорочните и долгорочните мерки.

 

Како итни мерки за намалување на загадувањето Несторовска предложи да се субвенционира меѓуградскиот автобуски превоз,  да се воведе беспатен автобуски превоз за сите граѓаните во текот на наредните три месеци, воведување на 24-часовен зајакнат инспекциски надзор, опремување на инспекциските служби со соодветна опрема, и итна детекција на загадувачите.

 

За состојбата со загадувањето, Драги Змијанац од „Меѓаши" истакна дека е алармантна. Тие, како што рече, биле принудени да достават потресно писмо до сите членови на Комитетот за правата на детето, барајќи од нив да поднесат конкретни мерки и препораки до Република Македонија.

 

Претставничката од Зелениот институт, Наташа Амдију предложи да се зголеми бројот на автобуските линии, особено во некои точки каде што сега не постојат, констатирајќи дека од тие причини многу граѓани користат автомобили. 

 

Здруженијата упатуваат апел и до сите граѓани да внимаваат на загревањето на домовите, да не ги користат често автомобилите и да не создаваат депонии.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.