За разлика од лицемерното ВМРО-ДПМНЕ кое со години го игнорираше загадувањето, Владата предводена од СДСМ системски го решава проблемот

Ниту една иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, лидерите во лажење и лицемерие нема да ја прикрие нивната директна одговорност за непреземањето ништо цела деценија, за системски уништеното зеленило, за криминалните тендери што резултираше со екстремно загадување на воздухот.

 

За разлика од таквиот лицемерен однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ, заедно со надлежните институции, Градот Скопје и општините започна системско решавање на долгогодишниот проблем со загадувањето што со години беше игнориран од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Аерозагадувањето е и останува врвен стратешки приоритет за Владата предводена од СДСМ.

 

Со усвоениот План за чист воздух, 10 илјади домаќинства ќе бидат приклучени на парно греење, 20 илјади домаќинства ќе ги променат старите нееколошки печки на дрва, 15 илјади семејства имаат шанса да ја подобрат енергетската ефикасност на домовите, 3.000 семејства ќе добијат приклучок за гас. Истовремено, ќе се засили и инспекцискиот надзор и контрола, а ќе се субвенционира набавката на еколошки автомобили.

 

Град Скопје воведе и неколку  градски електрични автобуси и автобуси на гас,  а веќе е планирана и набавка на нови 40 еколошки градски автобуси во следната година, со што старите кои претставуваат големи загадувачи би се исфрлиле од употреба.

 

Ова се само дел од мерките кои се спроведуваат и ќе се спроведуваат со цел загадувањето двојно да се намали веќе во следната година.

 

Чистиот воздух и здравата животна средина остануваат врвен приоритет за СДСМ. Владата предводена од СДСМ продолжува преку краткорочно, среднорочни и долгорочни мерки да го реши долгогодишниот проблем со загадувањето на амбиенталниот воздух.

 

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА НА  СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.