Заев: Со Груевски немам никакви контакти откога сум премиер

Премиерот Зоран Заев демантираше дека комуницирал со Никола Груевски непосредно пред да ја напушти државата, додавајќи дека таа иинфомрација веќе  ја демантирал на медиумот кој ја објавил и дека е тоа објавено.

 

-Таман работа, ќе испадне дека заедно тоа сме го договарале. Откога сум премиер, една и пол година, со господинот Груевски немам никакви контакти. Последните контакти беа кога беше заробен, заглавен Парламентот во таа бесконечна  дискусија пред да се случат немилите настани на 27 април. Тоа беше таму, во Парламнтот, кога разговаравме да одблокирање на процесот, дека е јасно оти мнозинството постои и да не ја мачиме Македонија и македонските институции. Тогаш беа последните разговори, одговори Заев на новинарско прашање при денешната работна посета на Струмица.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.