ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ две години не реализира ниту еден проект за загадувањето

СДСМ ја завива државата во црно. Скопје и државата неколку недели по ред тонат во загаден воздух. Нивото на канцерогени ПМ10 честички и во овој период од годината неколкукратно го надминуваат дозволеното ниво, а Зоран Заев и Петре Шилегов немаат преземено ниту една мерка за намалување на истото.

 

Болниците во државата се преполни со пациенти кои се жалат на срцеви и белодробни проблеми како последица на загадувањето, особено хронично болните и постарите, но ефектите од загадувањето се одразуваат и врз децата.

 

Информациите кои доаѓаат од светски реномирани институции треба да бидат последен аларм на власта, која потроши 2 години без да реализира ниту еден проект за подобрување на квалитетот на воздухот. Зоран Заев и Петре Шилегов ветуваа итно справување со загаденоста, сега кога се на власт не само што не го решија проблемот како што ветуваа, туку и не преземаат било што да ги намалат последиците од загадувањето.

 

Наместо реални решенија Петре Шилегов организира стенд ап настапи како да е комедијант, а не татко на градот, а министерот за животна средина, Садула Дураку, безобразно и дрско вели дека власта не се занимава со граѓаните.

 

Зоран Заев од митинзи урлаше ајро ајро, а сега го нема да каже што тој како премиер и црната власт на СДСМ имаат преземено за  намалување на загадувањето.

 

Црната власт на СДСМ неодговорно се постави кон граѓаните и ги изманипулира. Граѓаните не заслужуваат никој да ги завива во црно нивните судбини. СДСМ мора да си замине.

 


Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.