Груевски остана без имунитет, но со плата
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 27 Ноември 2018
Парламентот го одобри барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Никола Груевски, констатира претседателот, Талат Џафери, откако со 62 гласа мнозинство беше донесена одлуката за одземање на имунитетот на поранешниот премиер.
Во пленарната сала не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, па за барањето од судот немаше ниту дебата.
Претседателот на комисијата, Павле Богоевски рече дека и комисијата и парламентот "денес се во една многу контроверзна ситуација". "Пред нас е поставена задачата да одлучуваме за имунитетот на пратеник, кој веќе е осуден, избегал и е недостапен за органите. Поради што како пратеник и како човек сакам да изразам жалење поради тоа што нашиот систем не успеа да обезбеди присуство на осуденото лице Никола Груевски за издржување на казната во затворот", рече Богоевски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс