Времето студено и ветровито
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 28 Ноември 2018
Времето во Македонија ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег со слаб до умерен интензитет.
Попладне врнежи од снег се очекуваат и на некои пониски места. Ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значителен пад на температурата во наредните денови.
Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од еден до 10 степени.
Во Скопје облачно со врнежи од дожд. Ќе дува северен ветер. Утринската и дневната температура ќе достигнат до шест степени.
В четврток времето ќе биде студено, на места со слаб снег, а во петок се очекува намалување на облачноста.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс