Мицкоски на средба со членови и симпатизери на партијата во Чаир

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Чаир, каде оствари средба со голем број на членови и симпатизери на партијата.

 

Мицкоски пред насобраните кажа дека ова што се случува е национален проект на СДСМ на понижување, омаловажување и уништување на Република Македонија, а паралелно има процеси преку уценети и инструирани структури кои се обидуваат да се нанесе сериозен удар врз ВМРО-ДПМНЕ и врз самите членови.

 

Мицкоски посочи дека според „Транспаренси Интернешнл Македонија" е падната за 50 места или на 112 место на индексот на корупција што не сместува некаде со Танзанија и Етиопија. Мицкоски, исто така ги посочи процесите што се водат против ВМРО-ДПМНЕ и против членовите под раководство на „Кацарска судството" и на „Рускоска обвинителството".

 

„Ќе се појави некој сведок кој ќе каже како тоа ВМРО-ДПМНЕ било вакво или такво и како пратично ВМРО-ДПМНЕ се претстави во јавноста како злосторничка органзација за да им се даде потоа правен легитимитет за овие структури да можат да нанесат удар врз ВМРО-ДПМНЕ и практично да го забранат ВМРО- ДПМНЕ да постои. Затоа што така ќе бидат најсигурни. Тоа е проектот кој го прави СДСМ преку своите структури во судството, обвинителството со нарачани сведочења и решението е да се побара правен основ да не постои повеќе партијата, рече Мицкоски.

 

Претседателот Мицкоски ги наброја сите неуспеси на оваа Владата во полето на здравството, образованието, труд и социјала реформи односно сите оние работи кои ги ветуваа за време на парламентарни и локалните избори за кои немаат никакви резултати. Дури и тие што им беа оставени ги сопреа.

 

Мицкоски се осврна и на протестите кои се организираат против оваа власт. Тој притоа кажа дека има притисоци и закани за губење на работните места кои е свесен но дека и покрај ваквата ситуација според него мора да се покаже пркост и дека не може да се остане нем и глув по се ова што ни се случува.

 

„После првиот наш протестен марш што ни се случи пред владата минатата среда 15 луѓе кои сосема случајно учестувале и биле присутни на тој марш во 6 утрото имаа рација од страна на МВР. Денеска истото се случува ширум Македонија. Имаме докази за претреси во Велес, Охрид и тоа повторно со наоружани припадници на МВР и им се одзимаат нивните лични предмети" рече Мицкоски

 

Мицкоси го спомна скандалот со новото прислушкување на судиите и јавните обвинители и притоа запраша како може да им се верува на нив и во нивната независност. Тој посочи дека потребна е поддршката од нашите сограѓани и дека повеќе не смее да се излезе со ветувања за она што не може да се исполни.

 

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.