Мицковски оствари средба со раководството на ССК

Добро за нас претставува особена чест и задоволство што ќе можеме и денес овдека во Сојузот на Стопански Комори да се практично запознаеме, да можеме и дел од проектите кои што ги предвидува ВМРО-ДПМНЕ но и економската програма која што ја подготвува ВМРО-ДПМНЕ да ја презентираме пред раководството на Сојузот на Стопански Комори, пред претседателката Арсовска.

 

Така што мислам дека ќе биде една интересна средба. Средба која што ќе биде практично почеток на една поинтензивна соработка. Тука сме да ги прифатиме сите оние совети и критики кои што доаѓаат од апликативната дејност од вистинската економија. Ние сме свесни дека без добра економија немаме добар развој и како држава но и како општество. Изминатиот период сведоци сме на една катастрофална политика од областа на економијата која што ја води СДСМ, Владата на СДСМ и таканаречениот економски тим кој што предвидуваше многу програми кои што за жал доживеаја комплетно фијаско во нивната имплементација.

 

Мора да учиме од грешките, мора да учиме од она што не чини, да влечеме искуство од сето тоа и се разбира да го корегираме и да го подобруваме.

 

Така што ВМРО-ДПМНЕ е подготвен. ВМРО-ДПМНЕ има изготвено економска програма која што знаеме дека ќе одговори на најголемиот дел од реалните потреби и проблеми на граѓаните.

 

Така што добро е секогаш да се слушне мислењето од реалниот бизнис и реалната економија. За да можеме и тој дел исто така да го подобриме онаму каде што се разбира ќе добиеме критика околу или одредена сугестија, или совет околу определени економски политики кои што ги подготвуваме.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.