СДСМ: Мицкоски нема капацитет, нема понуда, со неоснованите барања нема да ги закочи реформите, Македонија оди напред

Христијан Мицкоски нема капацитет, нема понуда, нема идеја.

 

Единствена агенда на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е блокада на реформите и обид за закочување на иднината во ЕУ и НАТО.

 

Со неосновани барања и измислени причини за интерпелации  нема да може да го одбрани криминалот на Груевски, нема да ги закочи реформите.

 

Македонија тргна напред и враќање во темното минато на криминал, корупција и изолација нема.  Граѓаните ја поразија криминалната и антинародна матрица на ВМРО-ДПМНЕ и тргнаа кон иднина во ЕУ и НАТО, Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ остануваат сами и изолирани во одбраната на криминалот.

 

Центар за комуникации со јавноста на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.