СДСМ:Поврзаноста на Мицкоски со Миленко Неделковски потврдува, нема ништо сменето во ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

 

Кај раководство на ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот пион Христијан Мицкоски присутна е идентична матрица од претходното раководство предводено од осудениот криминалец Никола Груевски.

 

Мицкоски, исто како Груевски спроведува деструктивни политики, се обидува да ги закочи процесите за ЕУ и НАТО, работи против интеграција на Македонија во најмоќните демократски сојузи на светот.

 

Како потврда дека ништо суштински не е сменето се луѓето од неговото опкружување но и истите гласноговорници на тие деструктивни политики против НАТО и ЕУ.

 

Еден од овие гласноговорници е Миленко Неделековски.

 

Она што е заедничко за Мицкоски и Неделковски e што и двајцата добиле државно земјиште од владата предводена од Никола Груевски. Мицкоски за да го почне бизнисот со хидроцентрали, додека фирмата на братот на Неделковски за чување кози за кои добивал десетици илјади евра годишно како субвенции од државата.

 

Заедничко за Мицкоски и Неделковски е тоа што и двајцата отворено работат против ЕУ и НАТО и учествуваат на протести за одбрана на криминалот на Груевски и соработниците.

 

Неделковски освен што ги поддржа протестите на Мицкоски, јавно порача дека посакува Македонија да се распадне и да пропадне.

 

Дали и Мицкоски се надева на пропаст на Македонија нека ценат граѓаните.

 

Тоа што Мицкоски исто како и неговиот ментор Груевски ги користи деструктивните услуги од Неделковски, човек којшто со години шири лажни вести и говор омраза кон граѓани и новинари, човек кој поттикнува меѓуетничка и меѓучовечка омраза кажува многу.

 

Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.