СДСМ: Како сите што не и мислат добро и Мицкоски ја нарекува Македонија творба

Антинародниот Мицкоски оди до таму, што тој се осуди да ја нарече Македонија творба, исто како што ја нарекуваат сите што не и мислат добро.

 

Македонија е слободна, демократска и напредна држава, на чекор до полноправно членство во НАТО и ЕУ.

 

Мицкоски, Бачев, и нивниот шеф Груевски не успеаја, победија граѓаните.

 

Мицкоски останува запаметен како дел од мала, маргинална група која се обидуваше, но не успеа да ја спречи интеграцијата во ЕУ и НАТО. Без став за најважните прашања, Мицкоски се криеше зад Јанко Бачев и неговите протести на кои се ширеше омраза и меѓуетничка нетрпеливост.

 

Граѓаните го поразија режимот на Никола Груевски, вистинскиот шеф на Мицкоски, режим во кој Мицкоски се богатеше преку бизнисите со хидроцентралите. Македонија, граѓаните, нема да дозволат нов авторитаризам и ќе ги поразат црнилата и деструкциите на Мицкоски.

 

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да се подготват за пораз на претстојните претседателски избори, можат да се подготват за пораз на какви било избори.

 

Граѓаните одбраа Македонија да се гради како едно општество, одбраа иднина во ЕУ и НАТО и нема да дозволат Мицкоски да ги врати во темното минато.

 

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

 СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.