Забрана за тешки товарни возила на патните правци Дебар-Струга и Велес-Катланово и на планинските премини Плетвар и Ѓавато

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија пат, информираат од АМСМ.

 

Оттаму известуваат дека е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патните правци Дебар – Струга, Велес – Катланово и на планинските премини Плетвар и Ѓавато.

 

На патниот правец Струга – г.п. Ќафасан (до селото Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината на движење е ограничена на 40 километри на час.

 

Од АМСМ соопштуваат дека забрани за тешки товарни возила се уште има на патните правци крак Маврово-Дебар, крак Стража-Кичево и Тетово-Попова Шапка, каде што има и забрана за автобуси.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.