Иселениците во акција за доизградба на екстериерот на манастирот „Свети Илија" во Ѕвегор
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 26 Јануари 2019
Иселениците по потекло од делчевски Ѕвегор од околината на градот Пиду во Швајцарија, почнаа акција за собирање средства за доизградба на дел од екстериерот кај манастирскиот комплекс „Св.Илија”. Како што информира претседателот на црковниот одбор, Делчо Гошев досега се собрани околу 4.000 швајцарски франци, што е половина од потребните средства за изградба на трем во рамки на манастирскиот комплекс над Ѕвегор.
Се надеваме дека до почетокот на пролетта кога би почнале со изградба на тремот би ги собрале и останатите 4.000 франци што ќе овозможи разубавување на екстериерот на еден од најубавите украси во Делчевско, истакна Гошев.
Гошев упати апел до сите иселеници активно да се вклучат во акцијата за собирање средства со што манастирот за наредното големо празнување на 2 август во ново руво ќе ги дочека верниците кои ќе присуствуваат на одбележувањето на празникот посветен на светиот пророк Илија.
Црквата „Свети Илија” во село Ѕвегор е изградена на 2 август 1991 година, а осветена на 15 септември истата година од тогашниот митрополит брегалнички г. Стефан.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс